Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Промоција на монографија посветена на митрополитот Кирил (14.12.2007)

Денес, во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје се одржа промоција на монографијата посветена на Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил - „40 години возобновена македонска автокефалност, 40 години служба на Бога“. Автор на монографијата е Славе Николовски - Катин.

„Запишаното се памети, а сликаното сведочи дека било – токму со таква цел ја издаваме и монографијата на митрополитот Кирил која ќе сведочи за неговите 40 години посветена работа кон Бога и Македонија“, рече Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на денешната промоција. 

 

Авторот на монографијата Славе Николовски вели дека владиката Кирил заслужува неговите дела да бидат истакнати пред црковната и пошироката јавност.

 

Монографијата го открива животот на Митрополитот од неговото детство, преку неговиот архипастирски живот во Америка, Канада и Австралија па сѐ до денес.

 

      

 

      

 

      

 

Известува: Калина Трпеска