Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Алексеј Втори: Руската Православна Црква е подготвена да помогне за решавање на отворените прашања меѓу СПЦ и МПЦ (13.01.2008)

Рускиот патријарх Алексеј Втори денеска изјави дека единствениот излез од „тешката ситуација“ меѓу Српската и Македонската Православна Црква е обновување на братските преговори и дека Руската Православна Црква е подготвена да придонесе во дијалогот за решавање на прашањето.

- За нас е очигледно дека единствен излез од тешката ситуација меѓу Српската и непризнатата Македонска Православна Црква е обновување на братските преговори меѓу нив врз основа на почитувањето на светите канони на Црквата. Притоа двете страни не траба да бараат еднострана корист, туку да тргнуваат од заедничкиот добробит на Црквата, покажувајќи максимална толеранција и чувствителност за да се сослушаат и подобро да се разберат една со друга, изјави патријархот Алексеј Втори во ексклузивното интервју за српскиот весник „Блиц“.

 

На тој начин, продолжи рускиот патријарх, ние неодамна го обновивме единството со Руската црква во странство, до што не можевме да дојдеме преку ноќ, туку постепено, трпеливо и во духот на братската љубов решавајќи ги несогласувањата и дилемите, наталожени за време на долгите години на поделба.

 

- Имајќи го предвид тоа искуство, Руската Православна Црква е подготвена на сите начини да придонесе во дијалогот за решавање на македонското прашање, не одбивајќи, доколку затреба, да помогне, изјави патријархот Алексеј Втори.

 

 

Извор: Blic.co.yu