Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Брат без помош, враг се викат (13.01.2008)

  Брат непомогающий, врагом называется   Брат који не помаже, враг се зове

 


Како одговор на прашањето на македонските новинари, зошто томосот за автономија на несреќно создадената и несреќно наречената Охридската Архиепископија сѐ уште не им е доставен на помесните Православни Цркви, Господинот Иринеј Буловиќ, инаку епископ Бачки – препознатлив по својот саркастичен начин на пишување, ги наведува следните три причини:

Првата причина била тоа што „поглаварот на Охридската Архиепископија веќе два пати беше во затвор“...

Втората причина била надежта дека нашата света Црква „ќе проба повторно да води дијалог со Црквата (Српска) за светото прашање на единството и братската заедница во Христос Господ“...

Третaта причина била едноставна и крајно болна: „дали во овој историски момент за Српската Православна Црква сето ова претставува единствено и најнеодложно прашање?“ Односно главна причина биле „мачните преговори околу прашањето за иднината на Косово и Метохија“ како и „тешката и долготрајна болест на Неговата Светост Патријархот“.

Би го пофалиле господинот, чие потекло е од влашкото семејство Були од село Горна Белица – струшко (Македонија), за признанието дека дијалогот помеѓу двете Цркви треба да продолжи онака како што тоа од нас го бара неспорниот авторитет за целата Православна Црква, Неговата Светост Рускиот Патријарх Алексеј Втори. Сите (според нас) веќе чуени лаги во останатиот дел од неговиот текст овој пат не би ги коментирале, и така господинот е непоправлив... Би рекле само: Господ, за сите нас распнат, нека суди! А кој сака да си труе душа со читање на целиот негов текст нека ја посети интернет-страницата на СПЦ – www.spc.yu, како и интернет-страницата на Бачката епархија – www.eparhija-backa.org.yu. Но, поарно е да се помолиме за сиротиот господин...!

Колку е лошо кога човек, познатиот психолошки феномен, фрустрацијата од кризата на својот личен и национален идентитет и сплетот на односи што од тоа произлегува, се обидува да ја разреши на вистинското место – во Црквата, ама за жал на погрешен начин и уште по за жал, од погрешна позиција. И колку е жално, кога сето тоа е толку очигледно за сите, освен за него.

 

од редaкцијата на сајтот на МПЦ