Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Апел (13.01.2008)

                                                                                                                                                    Апел 

 


 Го прашуваме уредништвото на официјалниот сајт на Српската Православна Црква: има ли таму меѓу вас некој храбар православен маж да му застане на патот на господинот Иринеј Буловиќ, да му застане на патот на тој неправославен и антиправославен човек, да му застане на патот на тој несрбин и антисрбин и да ѝ застане на патот на таа кукавица која своите кукавичји јајца ги поттура во туѓи гнезда и да му каже – доста! Или сите ние заедно, заради нашите гревови, ќе се смируваме и ќе чекаме да истече Божјото долготрпение и да ја тргне таа пречка поставена на патот кон единството помеѓу Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква. Ако имаме храброст сите заедно, не само ние туку и вие, да му кажеме „доста“, поголема е веројатноста, веруваме, дека ќе се врати на патот на спасението, а ако оставиме на Божјото долготрпение, мала е веројатноста, мислиме, дека тој човек некогаш ќе се покае. Или можеби човекот е во таква напредната фаза на прелест што само Бог може да му помогне?

Зар толку е големо неговото влијание во Вашата редакција што еден обичен негов коментар, на пишувањата на некои македонски новинари, напишан во одбрана на една многу мала и безначајна, но исто толку многу сомнителна и проблематична, и морално и психички, група на луѓе кои се негово дело (какво дрво таков плод) и кои под несреќното име ‘ПОА’ (не)дејствуваат на просторот на Република Македонија, да ги поттурне сите останати вести од Вашиот сајт на страна и луѓето наместо да читаат за светоста и содржината на празниците, да се трујат со нашите црковно-политички глупости? Или, простете, ама ќе си помислиме дека со Вас нешто не е во ред? Се надеваме сфаќате дека неговото дејствување ги надминува границите на обични инфантилни допишувања по сајтовите и уфрла многу лага и отров во душите на неинформираниот верен српски народ... Кој тоа после ќе го исправи?

Или можеби храбрите православни мажи треба да ги побараме меѓу членовите на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква? Сите тие многу добро знаат дека единствена пречка во дијалогот помеѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква и единствена причина за неуспехот на тој дијалог досега е токму псевдосрбинот Иринеј Буловиќ. Господа Епископи, навистина многу се понижувате и се бесчестите кога му дозволувате на тој проблематичен човек да ја води Вашата Црква!

Драго уредништво, со надеж дека сепак, на некој начин, ќе соработуваме во насока на единството на нашите две Цркви, Ви пожелуваме многу успех во работата и Среќна Нова 2008!

 

Со голема почит,

Редакцијата на сајтот на МПЦ