Еднаш веќе напишавме..., а сега ќе избришеме (16.01.2008)
Еднаш веќе го напишавме до уредништвото на официјалниот сајт на СПЦ следново: „А од каде знаеме дека официјалниот сајт на СПЦ пренесува ставови на Епископот Иринеј? Затоа што ги знаеме ставовите на другите Епископи коишто се навистина Срби, како и од неговиот начин на пишување. Секогаш кога е во прашање Македонија, тој се служи со полувистини и лаги. Кога вели дека „Црквата својот идентитет го заснова на Царството Божјо, црпејќи ја од него и структурата на видливото устројство...“, тој говори вистина. Но, бидејќи тој го проповеда и го признава Царството Божјо само како Небесна Србија, затоа ја признава и ја промовира само религиозната структура којашто со негова помош се воспостави како српски егзархат - т.н. „ПОА“, и затоа Република Македонија ја нарекува БЈРМ. Жал ни е за позицијата на уредниците на сајтот на СПЦ што мора да пренесуваат вакви сатански ставови како што се тие на Епископот Иринеј Бачки, кои го нарушуваат единството на Црквата. Затоа, секој нека пази каде и кај кого се вработува и кому служи!“
А сега ќе го избришеме линкот кој води до сајтот на СПЦ од страницата со православни линкови на помесните православни Цркви на нашиот сајт и додека нешто (или некој) не се смени, повеќе нема да пренесуваме ниту една вест од таму... Не, оти тој простор е предвиден само за линкови од православни сајтови...
од редакцијата на сајтот на МПЦ