Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Нови магистри по теологија во МПЦ (24.01.2008)

Денес, на православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Софија, своите магистерски трудови ги одбранија архимандритот Арсениј (Христов), игумен на манастирот на свети Антониј Велики во Ново Село и јеромонах Никола (Трајковски), игумен на манастирот свети Никола во с. Манастирец - Мариово, а собрат на манастирот Свето Преображение од Зрзе. Насловот на трудот што го одбрани архимандритот Арсениј е „Тријадолошкиот аспект на евхаристиската еклисиологија“, а насловот на трудот што го одбрани игуменот Никола e „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во XX век”. Нивните трудови во текот на оваа година ќе бидат издадени на македонски јазик.

 

 

Нека им е честито и им посакуваме

и понатаму духовно и интелектуално да се надградуваат.

(Од редакцијата на сајтот на МПЦ)