Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Годишно собрание во Гетеборг (04.02.2008)

Во неделата, на 03.02.2008 година, Македонската православна црковна општина Свети Кирил и Методиј од Гетеборг, Шведска, по завршувањето на светата Литургија, одржа редовно годишно изборно собрание. На собранието беше избрана нова управа со мандат од две години и беа донесени смерници за работа за време на нивниот мандат.

Гости на собранието покрај надлежниот митрополит г. Пимен, беа и претставници од соседната црковна опшина Свети Наум Охридски од Малме, како и претставници на Македонскиот сојуз во Шведска и Македонскиот клуб Гоце Делчев.

Поздравувајќи ги присутните парохјани и гостите на собранието архиерејот се заблагодари за поканата да присуствува на истото, им посака успешна работа и мудри одлуки. И напомена: „…Нема човек кој живеел а да не зграшил на земјата, освен Господ Бог Исус Христос. Но водени од своите страсти луѓето и него неправедно Го осудија и распнаа. Ако пак Него како совршен Бог и соврешен човек му најдоа замерка и Го осудија луѓето, секому од нас може да ни се најде замерка. Сите ние како луѓе сме подложни на грев, но како Христијани веруваме во покајание. Нека тоа ни биде добра мисла за да можеме да им заблагодариме и да им простиме на сите оние кои раководеле со црковната управа досега ако случајно нешто погрешиле. Само вака ако размислуваме и се раководиме од оваа мисла ќе можеме да се надаваме на правилен меѓучовечки однос меѓу нас и развој на Црквата Божја…

 

       

 

       

 

Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски