Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија (12.02.2008)

Во недела, на 10 февруари 2008 година, на денот на свети Ефрем Сирин и свети Исак Сирин, Архиерејска Божествена Литургија во новиот соборен храм на свети Наум Охридски во Малме, отслужи Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со архимандритот Арсениј, игумен на манастирот на свети Антониј во Ново Село. На Литургијата Владиката Пимен на верните им се обрати со беседа во која го истолкува евангелското четиво за Закхеј.