Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение од Светиот Арихиерејски Синод на МПЦ (21.02.2008)

           

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница, одржана на 21 февруари 2008 г., во просториите на Македонската архиепископија во Скопје, посвети сериозно внимание за најновите неофицијални предлози на медијаторот г. Метју Нимиц, околу спорот со името кој Република Грција го има со Република Македонија.

Архиереите на Македонската Православна Црква апелираат до државниот врв на Република Македонија, по повод актуелните случувања, најсериозно да го имаат предвид зачувувањето на македонскиот национален идентитет, како и интегритетот и суверенитетот на Република Македонија.

Синодот, на оваа седница, разгледуваше и други прашања од тековниот живот на Црквата, меѓу кои и одредување на делегација на Македонската Православна Црква за Светокирилометодиевските прослави во Рим, Елванген и Русија.

 

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ