Соопштение од Канцеларијата на САС на МПЦ (22.02.2008)
По објавувањето на официјалниот документ (целосниот текст на предлогот од г. Нимиц) околу разговорите за името, Македонската Православна Црква упатува на големо внимание по однос на неколу членови од истиот документ. Внимателноста треба да се насочи особено кон оние членови од документот во кои се допира прашањето на употребата на терминот „Македонија”, „Македонски”, што подразбира неспорно употребување на термините: „македонски народ”, „македонски јазик”, „македонска црква”, „македонска академија” итн. Ова особено го нагласуваме заради неспорната можност за изразување на македонскиот национален идентитет, кој треба да биде загарантиран. ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ