Соопштение (27.02.2008)
Македонската Православна Црква му дава поддршка на секој демократски чин за изразување на македонскиот национален и духовен идентитет. Македонскиот народ има право на мирен и достоинствен начин да го искаже својот став во одбрана на уставното име на Република Македонија, во духот на развиените демократски принципи.
Националниот, културниот и духовниот идентитет се исклучително важни, како за зачувувањето на минатото и сегашноста, така и во градењето на иднината на Македонија. Токму затоа упатуваме апел до сите учесници на вечерашниов собир да ги потврдат нашите македонски особини: мирољубието, човекољубието и богољубието и да не дозволат на ниту еден начин да бидат вовлечени во несакани инциденти.
ОД КАБИНЕТОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ