СООПШТЕНИЕ (05.03.2008)
Епархискиот Управен Одбор на Американско-канадската Македонска Православна Епархија, следејќи ги последните случувања во врска со разговорите за името, по објавувањто на документот од господинот Метју Нимиц, од име на свештенството, црковните управи и верниците во Епархијата, го издава следново соопштение:
- Американско-кандаската Македонска Православна Епархија, цврсто стои зад ставот на Светиот архиерејски синод на Мајката Македонска Православна црква, изразен преку неодамнешното соопштение од канцеларијата на САС, во кое посебно се нагласува неопходноста од запазувањето на сите атрибути, кои го отсликуваат националниот идентитет на македонскиот народ, Македонската Православна Црква и сѐ што е македонско.
- Исто така, изразуваме безрезервна поддршка до државното раководство на Република Македонија и до сите политички субјекти во Татковината, во нивните напори за зачувување на уставното име на Република Македонија, при што приотитет, покрај вековното име, треба да биде запазувањето и на националниот идентитет на македонскиот народ, според кој се препознаваме ширум светот.
Епархискиот Управен Одбор на АКМПЕ