Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новото издание на православното списание „Премин“ (11.03.2008)

Постот е само дисциплина, вежба нашето да да биде да а нашето не да биде не.

Постиме заради Бог, и заради себе, за да бидеме подобри, поздрави, и на крајот на краиштата, поубави. За да ја исполниме Божјата волја. Постиме за да се доближиме до Христос. За да ги скротиме страстите, да им ја одземеме силата, и силата да ја пренасочиме кон смирение. Постиме за да имаме храброст да љубиме. Постиме зашто кркорењето на цревата е музика за умот во споредба со маката на преполнетиот желудник. Постиме за да бидеме среќни со малку. Постиме за да се сеќаваме на рајот. Постиме, за да создадеме атмосфера на покајание внатре во себе.

 

Постиме за да бидеме посилни од смртта. Постиме за да се видиме себеси. Да видиме колку можеме да издржиме без. Постиме заради тренинг на сопственото јас. За да се открие тајната на нашето постоење, дека постоиме заради љубов, врз којашто се наталожила прашината на гревот. Постиме за да имаме власт над сопственото мени. Постиме заради убавината на едноставните рецепти. Неоптоварени со утопијата, надреализмот и неоригиналноста на модерната прехрамбена индустрија. Постиме за да си го поедноставиме животот, што во голема мера прераснал во трка по пари. Постиме за да научиме како да ги заобиколуваме скриените стапици на светот. Постиме за да се исчистиме од непотребните желби, и од нашето изобилие да му дадеме на оној што нема.

 

Уредникот

 

Содржината на овој број на „Премин“ е:

 

  1. Уводник / уредникот
  2. Светите Отци за постот
  3. За време на постот и молитвата / Свети Григориј Палама
  4. Репортажа: Пештерите и светињите на Киево-Печерската Лавра
  5. Аскетскиот плач на митарот / Вистинско сведоштво / Митрополит Струмички Наум
  6. Рововска војна / д-р Драган Михајловиќ
  7. Премин Галерија
  8. Светоотечка ризница
  9. Интервју со игумен Партениј / За болестите на зависност во современиот свет
  10. Се исполнува преродбенскиот аманет / д-р Јанe Коџабашија
  11. Траги / Јанко Илковски
  12. Вести од православниот свет
  13. Житија: Киево-Печерски Светители

 

 

 

 

По повод Велигденските пости, списанието „Премин“ подарува специјален прилог со манастирски посни рецепти без масло и со масло.