Претставници на државниот оддел за доделување на државни дотации на верски организации во посета на МПЦО „Свети Наум Охридски“ (23.04.2008)
Во работна посета на македонската православна црква Свети Наум Охридски - Малме во вторник 15.04.2008 година престојуваа преставници од (SST -Stockholm), државен оддел за доделување на државни дотации на верски организаци во Шведска. Гостите, генералниот секретар г. Jan-Erik Levy, неговиот заменик г. Sven-Erik Andersson и нивниот соработник г. Gunnar Sandberg, по разгледувањето на новата црква и новите простории беа примени од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен. На средбата присуствуваа и парохискиот свештеник прота-ставрофор Блажо Кожарски и членови од Црковниот Одбор на МПЦО „Св.Наум Охридски“ - Малме.
Во разговорите посебно се нагласи досегашната добра соработка. Од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен беше искажана благодарност и до Шведската влада што одвојува од својот буџет и преку овој орган ги дели на верските организации во кои полноправно е и МПЦ.
Со новата црква и новите простории Македонската Православна Црковна Општина во Малме има можности да ги зголеми своите активности.
Известува: о. Блажо Кожарски