Премиерот Груевски им го честита Велигден на сите православни граѓани (24.04.2008)
Премиерот на Македонија, Никола Груевски, испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, до членовите на Синодот и до сите православни граѓани.
“Ваше Блаженство, Христос Воскресе за спасението на човековиот род. Тоа е суштината на христијанството, потврда и на самата вера, зашто како што рече свети апостол Павле: ’Ако Христос не воскреснеше, тогаш празна е нашата проповед, празна е нашата вера’.
Овој голем христијански празник е можност да се истакне и благородната мисија на Македонската Православна Црква за мир и благосостојба меѓу луѓето, за вековитата истрајност во зачувувањето на духовното и културно наследство и идентитет на македонскиот народ.
Христос воскресна, навистина воскресна!“, се вели во честитката.
Извор: Netpress