Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велики петок, Оплакување Христово (28.04.2008)

На Велики петок, во црквата на свети Варнава во Лондон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, отслужи бдение на кое беа испеани статиите на оплакувањето Христово и беше изнесена светата Плаштаница околу храмот. На крајот од службата Владиката во својата беседа објасни дека протнувањето под плаштаницата го означува нашето доброволно умирање и влегување во гробот заедно со Христос, за да можеме потоа и да совоскреснеме со Него.