Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велигден во Лондон (28.04.2008)

Во црквата на свети Варнава во централен Лондон, македонската заедница во Велика Британија за прв пат го прослави Велигден со полноќна воскресенска литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен.

Многубројниот верен народ кој присуствуваше на литургијата ја потврди потребата од организиран црковен живот за македонската заедница во Лондон.

 

     

 

 

 

 

 

  

   

Оваа црквичка е една од малкуте православни цркви во Лондон кои дозволуваат да се изврши литија околу храмот.  

 

   

 

  

 

                                             

 

 

 

 

 

 

 

Црквата се наоѓа во срцето на Лондон (Сохо) и за да се дојде до неа потребно е да се помине покрај повеќе ноќни клубови од секаков вид. Сепак, вавилонското опкружување на црквичката на многу очигледен начин придонесе оваа велигденска литургија да биде и сведоштво за времето во кое живееме.