Архиерејска Литургија во Хамбург (17.06.2008)
Во чест на големиот православен христијански празник Слегување на Светиот Дух – Духовден, на 15 јун 2008 година, во Македонската православна црковна општина „Св Георги Кратовски“ во Хамбург, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Македонската православна епархија за Европа г. Пимен отслужи Света Архиерејска Литургија. По завршувањето на Светата Литургија беше отслужена Вечерна богослужба, на која Владиката одржа пригоден говор пред верниците. По завршувањето на Вечерната богослужба беше благословена задничката трпеза на љубовта.
Известува: Васе Шопов