Панихида во соборниот храм во Скопје (20.07.2008)
На 19 јули 2008 година, а по повод одржувањето на 60-годишнината од егзодусот на 28.000 македонски деца за време на граѓанската војна во Грција и четвртата Светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, во соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел и Митрополит Брегалнички г. Иларион отслужи Панихидата во спомен на загинатите и починатите учесници во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.
Известува: Калина Трпеска