Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Илинден во Скопје (03.08.2008)

На 02. август 2008 година, на празникот на светиот пророк Илија, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија,  отслужи Божествена Литургија  во истоимениот храм  во Скопје. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

По Светата Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, во присуство на  премиерот на Р. Македонија, г. Никола Груевски,  и дел од министрите во Владата на Р. Македонија и многубројниот народ, ослужи Панихида за сите паднати борци за духовниот и народниот идентитет.

 

 

                                       

 

      

 

          

 

           

 

           

Известува: Калина Трпеска