Архиерејска Божествена Литургија во Малме (11.09.2008)
Денес кога Светата Црква го празнува споменот на отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, 11.09.2008 година, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме протоереј-ставрофор Блажо Кожарски и ѓаконот Илија Спасевски отслужи Света Литургија во соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски Малме, Шведска.
Денешното евангелие за отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, Владиката го протолкува како убивање на совеста која нè повикува на покајание и држење до човековите морални вредности.
Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски
фото: Никита