Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Семакедонски црковен собор во Струмица (28.09.2008)

Денес, на денот на светиот маченик Никита, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, се одржа Семакедонски црковен собор. На Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Дебарско-кичевски и плаошко-струшки г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и повеќе свештенослужители од нивните епархии. На свечената академија реферат на тема „Преданието на исихазмот во неговите догматски и аскетски рамки“ изложи архимандритот м-р Арсениј (Христов), старешина на манастирот на свети Антониј Велики во Ново Село. На соборот присуствуваа градоначалникот на Општина Струмица г. Зоран Заев, пратениците во Парламентот на Р. Македонија г-ѓа Силвана Бонева и г-ѓа Цветанка Иванова, други дванаесет градоначалници од цела Македонија како и гости од другите епархии на МПЦ. Соборот заврши со свечен ручек за сите присутни. Наредната година, со Господ напред, Семакедонски црковен собор ќе се одржи во Дебарско-кичевската православна епархија.