Вечерна богослужба во манастирот на св. Пантелејмон и св. Климент Охридски на Плаошник (05.10.2008)
Во програмата за одржување на Архиепископскиот црковно-народен собор (во манастирот на Рождество на Пресвета Богородица во Калишта, од 3-5 октомври, 2008 година) по завршувањето на работниот дел, на 4 октомври се отслужи Вечерна богослужба. Во возобновениот храм на св. Пантелејмон и св. Климент на Плаошник, со богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. По завршувањето на Вечерната богослужба, се отслужи панихида за починатите учесници на Вториот црковно-народен собор, а потоа се одржа свечената Академија во соборниот храм на света Софија во Охрид. Известува: Калина Трпеска