Vesti i nastani
 
 
 
 
 

35 години од формирањето на Црковната општина „свети Наум Охридски“ во Малме (18.10.2008)

Денес кога Светата Црква ги прославува светата маченичка Харитина и свети свештеномаченик Дионисиј Александриски, 18.10.2008 година, се навршува петгодини од поставувањето на камен-темелникот за градење на нова македонска православна црква во Малме – Шведска, триесет и пет години од формирањето на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме и педест години од возообновувањето на славната Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник во МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Малме протоереј-ставрофор Блажо Кожарски отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски Малме - Шведска.

На крајот од Света Литургија се отслужи помен–парстас за сите верници, свештеници кои активно учествувале во организирањето и делувањето на Црковната општина, а денес се наоѓаат во Небесната Црква Христова.

Во црковните простории се прикажа филомот педест години возобновена Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ.

 

        

 

        

 

                                         

Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски