Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Параклис на свети Никола во центарот на Кабул, Авганистан (31.10.2008)

 

Во центарот на Кабул, Авганистан подигнат е мал параклис на Македонската Православна Црква во чест на свети Никола. Направен е со напори на печалбарите - готвачи вработени во компанијата Sodexhso International и со голема помош од отец Боби Темелковски од црквата на свети Архангел Михаил во Автокоманда, Скопје. За првпат параклисот е отворен минатата година за Велигден. Внатре во самиот параклис донесени со икони од црквите и манастирите во Македонија. Ова ви го пишуваме со цел за да се дознае дека една мала група од дванаесетина христијани живее православен духовен живот во една муслиманска земја како што е Авганистан.

 

 

 

 

 

 

 

 

       

 

Известува: Благоја Гогов