Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Отслужени Литургии во храмовите на Македонската Православна Црква во помен на Рускиот патријарх Алексиј II (07.12.2008)

Во помен на упокоениот Поглавар на Руската Православна Црква, Патријархот Алексиј II, во сите храмови на Македонската Православна Црква се отслужени заупокоени Литургии.

Светиот Архиерејски Синод на МПЦ испрати писмо и телеграма со сочуство до Руската Православна Црква и до Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

Делегација на Македонската Православна Црква, составена од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ќе замине во Москва да присуствува на погребот на патријархот Алексиј
II.