Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот Европски г. Пимен во Словенија (09.12.2008)

Митрополитот Европски Неговото Високопреосвештенство г. Пимен на 5, 6 и 7.12.2008 год. по повод патрониот празник ја посети Македонската православна црковна заедница во Р. Словенија, Св. Климент Охридски. Црковниот одбор предводен од претседателот м-р Трајче Андонов, организираше повеќе значајни средби. Првата средба беше со градоначалникот на Љубљана г-дин Зоран Јанковиќ, каде присуствуваше и Амбасадорот на Р. Македонија во Р. Словенија, Неговата Екселенција г-дин Самоил Филиповски. На средбата меѓу другото, се зборуваше за доделување или откупување земјиште на кое би се изградил македонски православен храм. Градоначалникот ја изрази својата безрезервна поддршка при решавањето на ова значајно прашање. По ова следуваше прием и кај Надбискупот на Љубљана, Неговата Екселенција Монсињор Алојз Уран, каде се разговараше за определување на католички храм кој ќе биде даден на користење на Македонската православна заедница до создавањето на услови за изградба на свој храм и беа посочени неколку конкретни храмови во близината на Љублана.

Во епископската придружба беше архиерејскиот намесник за Јужноевропското архиерејско намесништво, презвитер Михајло Матевски и професорот од Богословскиот факултет „Св.Климент Охридски” од Скопје, протоѓакон м-р Димитар Белчовски кој одржа предавање на тема “Еклесиолошка и канонска оправданост на Македонската православна црква”. Меѓу присутните беше и претседателот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи на Република Словенија д-р Драго Чепар. Предавањето беше проследено со големо внимание и предизвика голема заинтересираност по што од страна на присутните беа поставени повеќе прашања.

            Во сабота, 6 декември, Митрополитот Европски г.Пимен отслужи Света Литургија во црквата „Света Марија Роженвенска” во Крањ во присуство на голем број верници, а во попладневните часови беше одржан и состанок со членовите на ЦО од Крањ, при што се разговараше за актуелната состојба и за плановите во иднина.

Во недела, 7 декември, Митрополитот г. Пимен отслужи Света Литургија во црквата <Света Марија Матере Церкве” во Побрежје, Марибор заедно со протопрезвитер Кирко Велински кој допатува од Загреб и презвитер Михајло Матевски.

По светата литургија се сретна со деканот на семинаријата во Марибор, жупник Јоже Голичник и  парохискиот свештеник жупник Станко Празник.

 

                                                                                              известува: Ј. Дичевска