Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици (11.12.2008)

Денес, на празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во црквата на овие Светители во Струмица, а во присуство на многуброен верен народ, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв Христови.

„Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии.“ (Свети Силуан Атонски)