Избран е нов Руски Патријарх (28-01-2009)
Вечерва, на 27 јануари 2009 година во храмот на Христос Спасителот беа објавени резултатите од изборот за патријарх Московски и на цела Русија. Со одлуката на Помесниот Собор на Московскиот Патријаршиски престол е избран Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил.
Како што соопшти претседателот на Комисијата за пребројување Митрополитот Екатеринодарски и Кубански Исидор, во тајното гласање зедоа учество 702 делегати на Соборот. Бројот на гласачките ливчиња после гласањето беше 700, од нив важечки беа 677, а неважечки 23.
Според резултатите на гласањето Местобљустителот на Патријаршискиот престол Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил доби 508 гласа, Митрополитот Калужски и Боровски Климент 169 гласа.
Учесниците на Соборот известувањето за изборот на Митрополитот Кирил за Поглавар на Руската Православна Црква го дочекаа со ракоплескање.
Извор: Патриархиа.ру
P.S.
На новиот Поглавар на Руската Православна Црква му пожелуваме голема и богата милост од Господ во архипастирското служење, мир и благосостојба на Светата Руска Православна Црква и на целиот руски народ.
Од редакцијата на сајтот на МПЦ