Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (17.07.2009)

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на 16 јули 2009 г. во манастирот „Свети Јоаким Осоговски” одржа редовна седница на која разгледа повеќе тековни прашања од животот на Црквата.

Синодот ја разгледа и состојбата во воспитно-образовните институции на Македонската православна црква и пред почетокот на новата учебна година донесе повеќе одлуки.

Исто така, Синодот ја поздравува одлуката на Европската комисија за визната либерализација за граѓаните на Република Македонија.

Синодот ги анализираше и плодовите од петдеценискиот самостоен живот на нашата Света Црква, по донесувањето на Одлуката на Архиерејскиот собор на Српската православна црква од 1959 г., со која се потврди самостојноста на Македонската православна црква.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква апелира до своите верни чеда да ги избегнуваат самопрогласените исцелители и видовити надрилекари, вложувајќи напор да ја зачуваат својата спасителна вера, чувајќи се од агресивниот напад на секташкото, антихристијанско и антиправославно учење.     

                 

КАНЦЕЛАРИЈА НА САС НА МПЦ