Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (16.11.2009)

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква по повод упокојувањето на поглаварот на Српската Православна Црква, Патријархот Павле на 16 ноември 2009 г., во просториите на Македонската архиепископија, одржа вонредна седница. Седницата започна со молитва за покој на душата на Неговата Светост.

Синодот испрати писмо со сочувство до Српската Православна Црква по повод смртта на Патријархот Павле, а определи и своја официјална делегација која ќе присуствува на погребот, во состав: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Бог да го прости блаженоупокоениот архипастир и да ја всели неговата душа во рајските населби.

 

Канцеларија на САС на МПЦ