Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиепископот Стефан ги благослови членовите на медицинскиот тим што заминува во Авганистан (26.11.2009)

На 26. 11. 2009 година, во Македонската православна архиепископија, Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан ги прими членовите на медицинскиот хируршки тим од Воената болница во Скопје, кои деновиве треба да заминат на мисија во Авганистан.

Неговото Блаженство ги благослови лекарите и им порача дека Црквата ќе се моли за нив, за успешно да ја извршат својата мисија и живи и здрави да се вратат во Татковината.

 

 

Кабинет на Поглаварот на

Македонската Православна Црква