Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (27.11.2009)

Денес, на празникот на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

„Светилнику на Православието, тврдино на Црквата и учителу! Убавино на монасите, непобедлив поборнику на богословите! Чудотворче Григорие, славо Светогорска, и проповеднику на благодатта, моли Го Бога непрестајно да ги спаси душите наши.“ (тропар на свети Григориј Палама)