Рождество Христово (07.01.2010)
Денес, на празникот на Рождеството Хрисотово во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија на која прокрај многубројниот верен народ присуствуваа и претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски. На Литургијата присуствуваа и евроамбасадорот Ерван Фуере, вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумов, министерот за правда Михајло Маневски, претседателката на Комисијата за верски заедници Валентина Божиновска, како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и други личности од јавниот живот во земјата.
Фото: Александар Божиноски