Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Скопје (21.01.2010)

Денес, кога Светата Црка го слави празникот на Свето  Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи  Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје.  Многубројниот верен народ се причести со Свете Христови Тајни.

По отсужуената  Божествена  Литургија во храм на св. Димитриј во Скопје,  Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, , го изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет,  по што  беше фрлен крстот и беа осветени водите на реката Вардар. На манифестацијата присуствуваше и премиерот Никола Груевски, како и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

 

    

 

    

 

     

 

     

 

     

 

 

Известува: Калина Трпеска