Празнување на Водокрст во црквата Св. Богородица во Тетово (18.01.2010)
На ден 18.01.2010 год, по повод големиот христијански празник Водокрст, традиционално како и секоја година во црквата Св. Богородица се отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија чиноначалствувана од нашиот Надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил во сослужение на свештенослужителите од Тетовското Архиерејско Намесништво.
Својата беседа пред многубројните верници од Тетово и Тетовско Митрополитот Господин Кирил ја посвети на крштевањето на Свети Јован Крстител на денешен ден, и бил удостоен да на утрешниот ден го крсти Спасителот Господ Исус Христос во водите на реката Јордан кога и се објави троичниот Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух.
По Светата Архиерејска Литургија Митрополитот Господи Кирил ги пререже кумските колачи приложени од кумовите.
Црковната манифестација продолжи во кругот на црквата пред црковниот базен каде Митрополитот Господин Кирил изврши голем водосвет и го фрли крстот пред четирите млади тетовчани: Драгиша Јованоски, Дени Апостолоски, Антонио Хаџииљоски и Гоце Филков.
Најсреќниот од нив беше Антонио Хаџииљоски, кој го фати крстот и го прими поклонот, златниот крст со ланче од Митрополитот Господин Кирил проследен со Благослов за добро здравје, мир среќа и безброј успеси на Антонио, неговото семејство и на сите присутни верни чеда.
Откако верниците понесоа од осветената вода за во своите домови, беше приредена заедничка трпеза на љубовта.
Подготвил: Диме Змејкоски