Чествување на празникот Св. Атанасиј на Тетовското Кале (31.01.2010)
    
Крунисувањето на овој  празнечен, неделен  Светоден  беше на Тетовското Балтепе - Кале во Црквата Св. Атанасиј, каде Митрополитот  Господин Кирил својата Беседа ја посвети на Светиот Атанасиј и неговите животни  дела, од кои со право е наречен Столб на Црквата и Татко на православието-додаде во своето обраќање.
Потоа Митрополитот Господин Кирил ги пререже кумските колачи  приложени од кумовите  со благослов за мир, здравје и бериќет  на нив, нивните семејства, и на целиот Православен Христијански народ на земјата.
На овој ден традиционално секоја година Тетовското Кале е посетено од голем број верници кои го прославуваат овој празник, во убавиот амбиент во кругот на Црквата Св, Атанасиј.
 
        
 
        

Подготвил: Диме Змејкоски



