Благодарници за МПЦ од Друштвото на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (12.02.2010)
Денес, во својот Кабинет во Македонската православна архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, оствари средба со преставниците на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, г. Јанче Андоновски, претседател, и г. Ѓорѓи Доневски, секретар, при што прими признанија, што Здружението ги додели на Македонската Православна Црква за особениот придонес во афирмацијата на оваа организација во борбата за остварување на правата на Македонците од Егејска Македонија.