Десет амбасадори на земјите членки на Франкофонијата заедно со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во посета на манастирите во Водоча и Велјуса (22.03.2010)
По повод одбележувањето на деновите на Франкофонијата десет амбасадори од земјите членки на Франкофонијата: Амбасадорот на Австрија Alois Kraut, Амбасадорот на Франција Jean-Claude Schlumberger, вршителот на должноста амбасадор на Бугарија Ангел Ангелов, Амбасадорот на Романија Adrian Constantinescu, Амбасадорот на Унгарија Ferenc Kékesi, Амбасадорот на Словенија Alain Bergant, Амбасадорот на Чешка Jozef Braun, Амбасадорот на Словачка Igor Furdík, Амбасадорот на Хрватска Иван Кујунџиќ, Амбасадорот на Украина Yurii Honcharuk, заедно со министерот за надворешни работи на Р. Македонија Антонио Милошоски го посетија манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча и манастирот на Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса каде што за присутните беше организиран свечен ручек. Гостите беа примени од Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот Европски г. Пимен.