Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (26.03.2010)

Деновиве излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“, којшто е посветен на свети Симеон Нов Богослов.

 

Содржината на овој број ги донесува следните наслови:

1. Уводник       

2. Свети Симеон Нов Богослов – проповедник на Светлината

3. Беседи / Свети Симеон Нов Богослов

4. За третиот начин на молитва / Свети Симеон Нов Богослов

5. Гори, ако сакаш да светлиш / Митрополит Струмички Наум
6. За оптимизмот на светот / презвитер Горан Стојчевски

7. За светото послушание / презвитер Григориј Јакимов
8. Опит за објаснување на познанието во источната
    христијанска мисла / презвитер Александар Божинов

9. Архитип / м-р Оливер Димитров

10. Интервју со игумен Никола (Трајковски)

11. Репортажа: Света Гора      

12. Светоотечка ризница

13. Patristic Treasury: Saint Symeon the New Theologian
14.
Премин Галерија

15. Нов прилог кон македонското црковно пеење  / д-р Јане Коџабашија           

16. Вечерна служба на свети Симеон Нов Богослов / протопсaлт Панајотис Сомалис

17. Празнословие / Венко Андоновски               

18. Молитва / Тања Битољану Плавшиќ

19. Свадбен дар / Горан Величковски               

20. Молитва / Јанко Илковски

21. Од висорамнината на убавото дело / Горан и Софија Тренчовски                            

22. Вести од православниот свет                                              

23. Житија                                             

 

 

Љ У Б О В

 

 

...да не ме привлечеше со Својата Љубов, немаше вака да Те барам,

како што Tе барам, но Духот Твој

ми даде да Те познаам, а душата моја се радува оти Ти Си мој Бог и Господ и до солзи тагувам по Тебе...

Старец Силуан

                  

На патот на своето себеоткривање човек не може Ништо да пронајде, доколку Самиот Бог не му притекне на помош.

Во вид на мала ламба, со којашто Диоген го бараше човекот среде пустината на градот, како што и денес често се случува – во метежот на масата, во бучавата на безбројните неважни нешта со коишто човештвото ја има оградено својата суета на стаклени нозе – во стадо, во толпа, во осредност.

Окован во обврските околу полисите со кои ги осигурува своите привремени (и заради тоа несигурни) домови.

 

„Љубовта Божја“, за која толку самопрегорно сведочеше Свети Симеон Нов Богослов (949 - 1022) во своите химни и, уште повеќе, во неповторливата химна на своето едноставно живеење, е жедта за знаење што пламнува во човековото срце и го опожарува сето негово постоење. Просветлувајќи го, правејќи го ништ пред Вистината за Сеприсутната Љубов и актуелизирајќи ја единствено потребата да се биде блиску до оваа Љубов, па дури и да се биде едно со неа.

А тоа е можно откако ќе се прескокне првичниот шок од средбата со себеси како една голема празнина, за која е потребна соодветна доза храброст да се преживее, а потоа да се бара.

 По молитвите на Свети Симеон Нов Богослов

 

уредникот