Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Прием во Кабинетот на Архиепископот Стефан (04.04.2010)

Традиционално, по повод празникот на Воскресението Христово - Велигден, веднаш по воскресенската Литургија во Соборниот храм во Скопје,  Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, во својот Кабинет, приреди прием за членовите на државниот врв, и тоа: г. Ѓорѓе Иванов, Претседател на Р. Македонија, г. Трајко Велјановски, Претседател на Собранието на Р. Македонија и г. Никола Груевски, Премиер на Р. Македонија.

Со видна воскресенска радост, Архиепископот и гостите се поздравија со древниот христијански поздрав, кој ја објавува победата над гревот и смртта – Христос воскресна/Навистина воскресна, кршејќи го велигденското јајце, кое го симболизира Воскресението на Спасителот. На приемот присуствуваа и г-ѓа Валентина Божиновска, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во РМ и г. Антон Серечи, заменик директор на истата Комисија.    

Во Кабинетот на Поглаварот, како и на Светиот престол во Соборниот храм, беа запалени кандила со Благодатниот оган, кој секоја година на Велигден, на чудотворен и неопислив начин слегува во храмот на Гробот Христов во Ерусалим, а кој во Македонија беше донесен со залагањето и напорите на игуменот и братството од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“.     

 

                   

 

                                                                                                   КАБИНЕТ НА АРХИЕПИСКОПОТ