Реакција до јавноста на Р. Македонија (29.04.2010)
Македонија е земја со длабоки и богати корени и македонскиот народ во неа. Таа постоела со векови, која и од Бога е благословена во Светото Писмо. Во таа Света и единствена книга само Македонија и македонскиот народ се споmнуват толку прецизно и јасно и тоа на неколку места:
Дела Ап.: 16:9 И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!” 16:10 И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. 1 Коринтјани: 8:1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија; 11:9 зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. 2 Коринтјани: 9:2 зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина. 9:4 и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние. 1 Солунјани: 16:5 При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија; и уште на неколку други места.
Македонија, од распадот на големото и славно царство на великиот Александар III Македонски била постојано под ропства, угнетувања и асимилации од страна на туѓите поробители. И дури, со рeферендумот во 1992 година, Македонецот конечно го остvари својот сон да е Македонец без некави суфикси или префикски (иако и од тоа повторно не бевме до крај ослободени). Деновиве на медиумите се слуша дека некои поединци (искрено се надеваmе дека се само поединци) сакаат да го променат тоа вековно име, кое нашите дедовци и прадедовци со крв го бранеа. Да се промени името на Р.Македонија е предаvство и е исто како да се откажуваме од сета наша историја и од сите наши предци кои ја креирале. Како дрво без корен кое може секој ветар лесно да го ниша и искорне. Затоа Ние, верниот народ, свештенството, заедно со нашиот надлежен Архиереј, Неговото Високо Преосвештенство г. Петар, сме загрижени за иднината на нашата татковина и најучтиво се обраќаме до сета наша јавност да не се дозволи тој срамен и понижувачки чин. Сите вакви изјави и ставови ние јавно ги отфрламе и осудуваме, а го подржуваме ставот на нашиот премиер г-динот Никола Груевски за свикување на референдум против промената на нашето историско, библиско и уставно име Македонија.
Од канцеларијата на МПЦЕАНЗ