Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Форум: „Како се впишува жената во религиските дискурси“ (Простори на моќта и/или на толкувањето) (08.05.2010)

Охрид, 8 мај 2010



На вториод ден од конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, се одржа форум на тема „Како се впишува жената во религиските дискурси“, на кој учество зедоа еминентни
 личности од културниот и општествениот живот на Р.М. На овој форум беа истражувани историските, духовните и културните парадигми на жената низ призмата на нејзиното впишување во/низ религијата, и отвори некои важни прашања во однос на „читањето“, толкувањето и редефирањето на просторот помеѓу религиското, политичкото, интимното и јавното ситуирање на жената во општеството. Изненадувачки беше излагањето на Н.Е. Симоне Филипини, амбасадор на Кралството Холандија, која побара лидерство на жената во црквата, поточно произведување на жената во некој од црковните чинови. Секако тоа наиде на негодување кај присутните гости, особено кај оние кои припаѓаат на Православната и Исламска вероисповед.


Од излагањето на останатите учесници на форумот, се потенцира еднаквоста на жената и мажот пред Бога, особено забележлива во фрескописот на православните храмови. Д-р Софија Грандаковска ги потсети присутните гости и учесници на форумот за улогата и значењето на Пресвета Богородица, како Небесна заштитничка на Православниот род, но и за култот и почитта во муслиманскиот свет. Сестра Макрина зборуваше за судот  што го очекува човечкото срце пред Бога, кое нема ниту машки ниту женски пол. На  форумот, иако најавено немаше претставничка од Исламската вера.

 

       

 

       

 

Известува: Александар Божинов