Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Охрид (09.05.2010)

Охрид, 9 мај 2010

Во петтата недела после Пасха, кога Православната црква си спомнува за чудотворното излекување на слепородениот, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Охрид. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско - пелагониски г. Петар во сослужение со надлежниот Митрополит Дебарско - кичевски, г. Тимотеј. Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиепископите Јарославски и Ростовски г. Кирил, и Филиополски г. Нифон присуствуваа на Божествената Литургија.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

                 

 

                  

 

                

 

                

 

                

 

Известува: Александар Божинов