Турнир во мал фудбал меѓу епрахиите на МПЦ (26.05.2010)
Вчера, во салата на спортскиот центар „Истатов“ во Нов Дојран се одржа турнир во мал фудбал помеѓу екипите на епархиите на Македонската Православна Црква во организација на Струмичката епархија. Во финалето играа Струмичката и Брегалничката епархија. Овојпат подобра беше Струмичката епархија, на која ѝ беше доделен победничкиот пехар од „Преминпортал“. За најдобар играч беше избран архимандритот Арсениј, игумен на манастирот на свети Антониј во Ново Село, а за највреден играч беше избран отец Крсте од Струмичката епархија. Беа избрани и најлош играч и најгруб играч.