Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Делегација од Македонија за празникот на свети Кирил и Методиј во Рим (24.05.2010)

Македонија оваа година по 43-ти пат, во базиликата „Свети Климент-Римски“ во Рим, го чествуваше споменот на сесловенските равноапостоли и просветители светите Кирил и Методиј. Македонската државна делегација беше предводена од Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Велјаноски, додека, пак, црковната делегација ја предводеше Митрополит г. Тимотеј. На 24 мај 2010 година, денот кога се слави споменот на светите браќа Кирил и Методиј, во базиликата свети Климент-Римски, на гробот кадешто почиваат моштите на свети Кирил се служеше молебен со кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: јереите Михајло и Климент, свештеници во северниот дел на Република Италија и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Голем број македонски граѓани кои живеат и работат во Република Италија, организирано со 5-6 автобуси дојдоа во Рим, а исто така и ученици од Република Македонија кои беа дојдени на екскурзија во Италија, присуствуваа на молебенот, молитвено изразувајќи ја својата почит кон светите браќа Кирил и Методиј. Кон присутниот народ Митрополит г. Тимотеј се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.

 

           

 

        

 

           

 

           

 

       

 

Известува: ѓакон Николче