Архиерејска Божествена Литургија во Велес (27.06.2010)
На денот кога Светата Православна Црква го чествува споменот на Светиот пророк Елисеј, Свети Методиј патријарх Цариградски и на Преподобен Нифонт, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и бројно свештенство од Повардарската и Европската епархија на МПЦ. Соборниот храм на Повардарската епархија на светиот великомаченик Пантелејмон во Велес беше духовниот центар на литургиското заедничарење на свештенослужителите од двете епархии и верниот народ. На Литургијата Митрополитот Европски г. Пимен благоволи и го ракоположи секретарот на Епархијата европска, дипл. теолог Антоние Попоски во чин ѓакон. На Литургијата молитвено присуствуваа голем број верници, а дел од присутните се причестија со Светите Христови Тајни.
Извор: Преминпортал