Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (03.07.2010)

Денес излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“, посветен на свети Наум Охридски Чудотворец.

 

Содржината на овој број ги донесува следните наслови:  

 

1. Уводник       

2. Свети Наум Охридски Чудотворец

3. Канон на свети Андреј Првоповикан / свети Наум Охридски

4. Четирите завети на свети Наум

5. Демистификација на искушението / Митрополит Струмички Наум                   

6. За неопходноста од постојаното сведоштво на Бог / Митрополит Европски Пимен
7. 1100 години духовен идентитет, јазик и име / презвитер Горан Стојчевски

8. Comparatio / За девственоста / презвитер Григориј Јакимов
9. Догматизам и антиномија / презвитер Александар Божинов

10. Логосот на егзистенцијата и тропосот на егзистирањето / м-р Оливер Димитров

11. Интервју: Секогаш имајте љубов кон Бога и еден кон друг / о. Кирил од РЗПЦ

12. Репортажа: За Алпите, за врвовите... / Александар Дончев 

13. Светоотечка ризница

14. Patristic Treasury: The Deification as the Purpose of Man’s Life / Archimandrite George (Kapsanis)

15. Дамаскиновиот осмогласен систем / д-р Јане Коџабашија    

16. Преместен камен / Мал портрет на поетот Никола Маџиров

17. Бубамара / Тања Битољану Плавшиќ          

18. Патување низ времето / Јанко Илковски

19. Астерфест / Горан и Софија Тренчовски

20. Тежок бој / Горан Величковски                   

21. Вести од православниот свет                                              

22. Житија

                                   

Кондак, глас 3.

Пречесниот спомен на твоите светли подвизи,

како големо сонце на сите им свети,

лицата на тие што те воспеваат ги просветлува,

демони и секоја болест изгонува;

заради тоа, откако се собравме, со љубов верно да го прославиме.

 

 

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

 

Некаде кон крајот на деветтиот век, на јужниот брег на Охридското Езеро (денес речиси на самата граница со соседна Албанија), е изграден еден од најубавите манастири на светот, познат како „манастирот на свети Наум“. Го изградил светителот во чест на светиот архангел Михаил и сите свети небесни и бестелесни сили, останувајќи да се подвизува во него до крајот на својот земен живот во 910 година. Околу него се собрале многу монаси, бидејќи тој бил мудар учител, строг подвижник, чудотворец и молитвеник. Самиот манастир станал извор на благочестие, како и прибежиште и утеха за сите што биле жедни за Христа...

И денес таму почиваат неговите свети мошти, лекувајќи – со силата на Христовата благодат – секакви болести и душевни слабости.

Од малиот број на црковни писанија сочувани од тој период, се знае дека преподобниот Наум неуморно се трудел над преводот на Светото Писмо на словенски јазик. Автор е на „Канон на светиот апостол Андреј”. Со неговото книжевно дело се поврзуваат уште два канона: „Канон на светиот архангел Михаил” и „Канон на пренесувањето на моштите на свети Јован Златоуст”.

Црковниот спомен на светиот рамноапостолен Наум се одбележува на 20 јуни/3 јули, 23 декември/5 јануари и на 27 јули/9 август заедно со светите Седмочисленици Методиј, Кирил, Климент, Сава, Горазд и Ангелариј.

По нивните свети молитви, Господ нека ни се смилува, амин.

 

уредникот