Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Венчавка во Бигорскиот манастир (19.07.2010)

Вие жените покорувајте им се на мажите свои, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Он е Спасител на телото...Вие мажите сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа...“  

         Вие, мои чеда, треба да се сакате токму така. Вие сте христијани, долго време доаѓате во манастир и знајте дека имате голема одговорност, од денес па натаму треба да светлите со вашиот живот и вашите христијански добродетели. Да бидете пожртвувани, да ги љубите вашите родители и да ги слушате. Отсега на невестата ќе ѝ  бидат родители и родителите на мажот и треба да ги почитува исто онака како што ги почитува и своите родители. Овие поуки треба да ги знаеме и исполнуваме, бидејќи денес многу малку се обраќа внимание на сето она што еден христијански брак треба да го претставува. И оттаму толкава гнилост во нашето општество. Зат                                                                                       ( Ефес. 5, 22-25)

Вака Апостол Павле ја објаснува  заедницата помеѓу мажот и жената соединети во светата тајна брак. Всушност, нашето поимање на семејството многу зависи од суштинското сфаќање на оваа света тајна. Самото евангелие укажува на бракот како тајна помеѓу Женихот Христос и Црквата, како Негова Невеста. Значи Светата Тајна брак е неразбирлива надвор од Црквата и од Богочовечката Личност, бидејќи односот помеѓу мажот и жената станал икона на односот меѓу Христос и Црквата.. Но современиот брак веќе ја изгубил својата Христоцентрична димензија. Тој сега е брак по договор, или социо – етичка спогодба, која на крај и самата се губи, секој се грижи само за себеси и своето, а никако за другиот. Таквиот брак е распадлив, вулгарен, хедонистички и несомнено води кон нихилизам. Така, Адам ја загубил Девата и ја добил жената.

Затоа  игуменот на светиот Бигорски манастир со посебна љубов ги поучи своите духовни чеда кои денес на светата Божествена Литургија се соединија за света брачна заедница, стекнувајќи го така благословот Божји за заеднички живот во Христа:

„Кога Апостол Павле Зборува за заедницата меѓу мажот и жената, тој ја споредува со највозвишеното нешто, а тоа е духовната заедница помеѓу Христа и Црквата, велејќи дека мажот треба да ја сака жената своја онака како што Христос ја засака Црквата. А Христос Црквата Своја ја засака така што самиот Себеси се предаде, распнувајќи се на крст за неа. Значи љубовта на мажот кон жената треба да биде пожртвувана и возвишена, неискажлива како што е неискажлива оваа света тајна. Откако постои светот па сè до денес никој не ја споредил брачната љубов со толку возвишено нешто - заедница помеѓу Господ и човекот. Гледајте колку голема и сериозна тајна е бракот и колку тој треба да се чува во најголема чистота.  Кога Христос дојде повторно на земјата , тој и своите чудеса ги започна токму на свадба - свадбата во Кана Галилејска, покажувајќи повторно дека основна клетка на општеството и на Црквата е токму бракот, т.е семејството. Затоа и Црквата ни вели дека бракот е црква во мало, мажот и жената во оваа света тајна стануваат едно тело, соединети преку благодатта на Светиот Дух. И мажот е глава на жената како што Христос е глава на Црквата, значи, тој е глава само доколку и тој го има Христа за своја глава.

оа имаме таква младина. Едноставно заборавивме дека сите ние воспитанието го стекнуваме во закрилата на семејството, бракот. Доколку во семејството добиеме вистинска поука и воспитание од нашите родители, кои се грижат за своето спасение и имаат голема одговорност за децата кои Бог ќе им ги даде, тогаш ќе имаме вистинско христијанско општество, ќе имаме и добра Црква. Затоа сакајте се и почитувајте се а вие, родители и роднини, поткрепувајте ја нивната заедница со добри совети, а особено со трпение, бидејќи во бракот е потребно огромно трпение. Бракот е крст и мачеништво, но мачеништво во љубов и слога и пожртвуваност. Бог да ве благослови!“

 

       

 

          

 

                        

 

             

 

 

 

Известуваат: сестрите од Бигорскиот манастир