Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (24.08.2010)

Поради необјективни и непроверени информации, дури и претенденциозни, кои во текот на вчерашниот и денешниов ден се појавија во неколку македонски медиуми (ТВ „Сител“ и дневните весници „Вечер“ и „Дневник“), а во однос на божемното мистериозно исчезнување на моштите (телесните остатоци) на архимандритот Јоаникиј Ракотински од неговиот гроб, што се наоѓа во дворот на црквата „Свети Илија“ во с. Ракотинци, ја известуваме македонската јавност дека моштите на архимандритот Јоаникиј од поодамна се наоѓаат во Македонската православна црква и се чуваат во специјално изработен кивот. Истите, поради процесот на канонизација, односно прогласување за светител, кој е во тек и кој според каноните и правилата на Православната Црква е подолгорочен, но и поради информациите дека и други лица „појавувале“ интерес да ги присвојат, соодветно се згрижени.

Македонската православна црква ги известува своите верници и пошироката јавност дека нема потреба од загриженост и дека моштите на Архимандритот уредно, според светопреданиското искуство на Црквата, се чуваат и истите ќе бидат објавени пред верниот народ, кога ќе заврши потребниот процес на канонизација.

 

                                           КАНЦЕЛАРИЈА НА СКОПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА